0_Спорт.ПорталСпортСпорт.СлајдерТенис

Ѓоковиќ ќе бара шест милиони долари отштета од Австралија

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, протеран од Австралија во пресрет на Грен слем турнирот, има намера да ја тужи владата на оваа земја. Триесет и четиригодишниот Србин ќе бара отштета 6 милиони долари, објавија британските медиуми.

Лондон, 20 јануари 2022 (МИА) – Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, протеран од Австралија во пресрет на Грен слем турнирот, има намера да ја тужи владата на оваа земја. Триесет и четиригодишниот Србин ќе бара отштета 6 милиони долари, објавија британските медиуми.

Ѓоковиќ ќе се жали за изгубен приход од парични награди за спортски настап, плаќања за спонзорство, како и морална штета за незаконски притвор и малтретирање.

Точно, сè уште не е сосема јасно на кој суд ќе се обрати спортистот, бидејќи нема толку многу структури во светот што можат да ја повикаат целата држава на одговорност, особено надвор од Европа.

На 5 јануари, Ѓоковиќ беше приведен на аеродромот во Мелбурн поради прекршување на визните прописи и влез во Австралија без вакцинација против Ковид. Новак беше сместен во хотел за оние кои чекаат депортација, но четири дена подоцна беше ослободен и му беше дозволено да тренира. На 14 јануари повторно беше издадена наредба за депортација против Србинот, во врска со фактот дека присуството на ѕвезда антиваксер во земјата се заканува со масовни немири. Обидите на тенисерот да ја оспори оваа одлука на суд беа неуспешни, тој ја напушти Австралија и не можеше да учествува на Грен слемот во Мелбурн. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close