0_Спорт.ПорталСпортСпорт.СлајдерТенис

Ѓоковиќ го освои турнирот во Тел Авив

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на турнирот во Тел Авив.

Тел Авив, 2 октомври 2022 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на турнирот во Тел Авив.

Тој во финалето го победи хрватскиот претставник Марин Чилиќ со 2:0, по сетови 6:3 и 6:4. Тенисерите на теренот поминаа 1 час и 35 минути.

За Ѓоковиќ титулата во Израел беше 89-та во кариерата (сингл).

Србинот планира следната недела да учествува на натпревари во Астана.

Наградниот фонд на турнирот во Тел Авив изнесуваше 949.475 долари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close