0_Спорт.ПорталСпортТенис

Ѓоковиќ би можел да настапи на Ролан Гарос

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на годинешниот Ролан Гарос иако не е вакциниран против коронавирусот, јавуваат италијанските и француските медиуми.

Париз 24 јануари 2022 (МИА) – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на годинешниот Ролан Гарос иако не е вакциниран против коронавирусот, јавуваат италијанските и француските медиуми.

Можноста за настап на Ѓоковиќ кому поради вакциналниот статус му забранија учество овој месец на Австралија опен, се отвора откако Франција донесе законски измени поврзани со вакцинираните и секој кој прележал Ковид-19 во последните шест месеци има право слободно да се движи во земјата.

Српскиот тенисер поседува медицински доказ дека бил позитивен на коронавирус на 16 декември, а негативен тест добил на 22 декември 2021.

Грен слем турнирот во Париз започнува на 22 мај и доколку дотогаш законските одредби поврзани со коронавирусот останат на сила во Франција, најдобриот светски тенисер ќе биде во можност да ја брани титулата која ја освои со ланскиот триумф во финалето над Рафаел Надал. ег/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close