Дописници МКДОпштински вести

Штип ја чека дозволата за користење на водата од ХС „Злетовица“

Општина Штип и комуналното Јавно препријатие „Исар“ се уште ја чекаат дозволата од Институтот за јавно здравје да почнат со користење на водата од Хидросистемот „Злетовица“.

Штип, 19 декември 2021 (МИА) – Општина Штип и комуналното Јавно препријатие „Исар“ се уште ја чекаат дозволата од Институтот за јавно здравје да почнат со користење на водата од Хидросистемот „Злетовица“.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов информира дека дозволата за квалитетот на водата од ХС „Злетовица“ ја чекаат веќе неколку месеци. Посочи дека се е подготвено за да почне преработката на водата во Филтер станицата со ултра модерната опрема за филтрација на водата, која преку цевковод од ХС „Злетовица“ ќе пристигнува во станицата.

– На мое огромно жалење морам да кажам Инститот за јавно здравје се уште нема направено потребно испитување и тоа е практично одолговлекување на временската рамка зошто оваа вода не е дистрибуирана до домакинствата. Станувва збор за вода којашто се користи во Пробиштип и Свети Николе, вели Јорданов.

Штип со вода за пиење во моментов се снабдува од бунарскиот систем, поради што граѓаните и понатаму плаќаат поголеми сметки.

– ЈП „Исар“ прави големи трошоци за електрична енергија за работа на препумпната станица и пумпи кои трошат огромна количина на енергија и затоа цената на водата од ХС „Злетовица“ е поевтина за нас како општина и јавно претпријатие, додаде Јорданов.

Приклучување на нови корисници практично значи и намалување на цената на водата, вели директорот на ХС „Злетовица“, Миле Илиевски, а до 2023 година цената на водата која ќе ја испорачуваат до петте општини ќе чини 4,60 денари плус 5%ДДВ.

-Тоа ќе се случува бидејќи во 2022 се очекува приклучување на ЈП„Исар„-Штип, голем потрошувач. Тоа значи дека нашите приходи се зголемуваат, а тоа значи дека системот ќе има повеќе пари, рече Илиевски.

Остануваат уште општините Карбинци и Лозово да се приклучат на ХС „Злетовица. Во Карбинци изградена е Филтер станицата, а се чека на цевководот, кој ќе води до осумте села, а во Лозово проектот тапка во место. вдј/мс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close