Дописници МКДОпштински вести

Штипјани можат да се попишат и во канцеларијата на Пописната комисија

Петнаесетина граѓани од утринава ја искористиле приликата да се попишат во канцеларијата на Пописната комисија, која се наоѓа во општинската зграда.

Штип, 27 септември 2021 (МИА) – Петнаесетина граѓани од утринава ја искористиле приликата да се попишат во канцеларијата на Пописната комисија, која се наоѓа во општинската зграда.

Граѓаните посочуваат дека не биле во своите домови, кога попишувачот доаѓал да ги посети, а во тоа време или биле на одмор или во странство, а дел и не живееле и на адресата, којашто им  е наведена во личната карта, туку престојувале на друга адреса.

Пописната комисија за реон 16, односно за општините Штип и Карбинци денеска ги извести граѓаните дека, пописот на лицата кои од различни причини не се поопишани, ќе се врши во општинската зграда во Штип, во сала на општина Штип од 08- 20 часот, заклучно со 30 септември. Телефон за пријавување за пописот е 075 477 164.

Попишувачите и понатаму се на терен и ги посетуваат граѓаните во нивните домови. вдј/нд/

Back to top button
Close
Close