Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Штипски „Исар“ повторно ги чисти дивите депонии

Екипи на штипското комунално претпријатие „Исар“ денеска ги чистеа мини депониите, во близина на населбите. Само по еден месец, откако беа исчистени, граѓаните повторно одложувале градежен шут и отпад на познатите локации.

Штип, 5 февруари 2022 (МИА) – Екипи на штипското комунално претпријатие „Исар“ денеска ги чистеа мини депониите, во близина на населбите. Само по еден месец, откако беа исчистени, граѓаните повторно одложувале градежен шут и отпад на познатите локации.

Вработените на „Исар“ со машини денеска ја чистиеа дивата депонија во близина на населбата Баби или на патот кој води до Филтер станица.

Директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков вели дека од денеска на овие депонии се поставуваат и информативни табли, на кои пишува „Не фрлај отпад“, а на нив се напишани и телефонски броеви, на кои граѓаните можат да се јават и да аламираат ако некој несовесен граѓани го одложува шутот и отпадот.

Здравков вели, со цел да се спречи создавањето на ваквите депонии во текот на наредниот период ќе почнат тие да го преземаат шутот од домовите на граѓаните. Но, повеќе детали за оваа новина најави за наредната недела, кога и на фејсбук страница на „Исар“ ќе има повеќе детали и на кои телефонски броеви ќе можат да се јават граѓаните. вдј/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close