Дописници МКДОпштински вести

Штипските претпријатија го расчистуваат снегот од улиците и тротоарите

Екипите на штипските јавни претпријатија „Стипион“ и „Исар“ од утринава со механизација се на терен, ги расчистуваат улиците и тротоарите од снежните врнежи.

Штип, 21 јануари 2022 (МИА) – Екипите на штипските јавни претпријатија „Стипион“ и „Исар“ од утринава со механизација се на терен, ги расчистуваат улиците и тротоарите од снежните врнежи.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека имаат доволно материјал за расчистување на коловозите. Тој потенцира дека механизација за расчистување на паттиштата кон селата е испратена и веќе ги расчистуваат наносите од снег.

– Во координација со јавните претпријатија, нивните екипи, како и со механизацијата во текот на денот вршиме акција расчистување на коловозните ленти и тротоарските површини за да имаме проодни и функционални улици. Во текот на денот ќе ја следиме состојбата на територијата на Општина Штип, вели Јорданов.

За првпат денеска се пуштени и возилата, односно механизацијата за чистење на снег, за кои ЈП „Стипион“ склучи договор со приватна фирма од Куманово. Проблеми со расчистување на улиците и тротоарите засега нема. вдј/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close