Дописници МКДОпштински вести

Штипските волонтери со собирна акција ја одбележуваат Неделата на глад

Волонтерите на Општинската организација на Црвен Крст-Штип ја реализираат Неделата на глад. На пунктот во големиот супер маркет „Елкос“ граѓаните можат да оставаат парични средства и храна. Собраните средства и продукти ќе бидат донирани на сонцијално ранливи семејства. Секретарот на ОО Црвен Крст-Штип, Викторија Милаковска вели дека акцијата ќе трае до вечер.

Штип, 20 октомври 2021 (МИА) – Волонтерите на Општинската организација на Црвен Крст-Штип ја реализираат Неделата на глад. На пунктот во големиот супер маркет „Елкос“ граѓаните можат да оставаат парични средства и храна. Собраните средства и продукти ќе бидат донирани на сонцијално ранливи семејства. Секретарот на ОО Црвен Крст-Штип, Викторија Милаковска вели дека акцијата ќе трае до вечер.

-Организираме низа активности, преку кои се трудиме да ја ублажиме таа појава на хроничен глад, која за жал е присутна секаде во светот, а не не одминува и овде нас. Со цел да доставиме што е можно повеќе пакети со прехранбени продукти, за што повеќе скромни семејства во нашиот регион вчера и денеска  организираме собирна акција, вели Милановска.

Според последните податоци на  Програмата за храна на ООН околу 690 милиони лица во светот живеат во хроничен глад. Во ризик се и 130 милиони луѓе во светот поради пандемијата. вдј/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close