Дописници МКДКултураКултура.ПорталКултура.СлајдерОпштински вести

Штипскиот Музеј го промовираше „Зборникот 11-12“

Штипскиот Музеј на отворено го промовираше „Зборникот 11-12“. Во рамките на настанот имаше перформанс Културното наследство низ призмата на ликовната дејност.

Штип, 18 септември 2021 (МИА) – Штипскиот Музеј на отворено го промовираше „Зборникот 11-12“. Во рамки на настанот имаше перформанс Културното наследство низ призмата на ликовната дејност.

Директорот на Националната установа Завод за заштита на спомениците и Музеј на град Штип, Митко Штерјов појаснува дека последниот зборник е издаден во 2003 година, а годинава ова стручно списание е финансирано од Програмата  на Министерството за култура.

– По голема временска разлика од последниот издаден број, до денес, се продолжи со издавање на истиот, со печатење на Зборникот на трудови 11-12. Уредувачката концепција и содржинскиот концепт на Зборникот на трудови на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј, Штип се состои од содржини од областа на археологија како што се објавување на резултати од археолошки истражувања од локалитети од Брегалнички регион, движен археолошки материјал, конзервација, потоа етнологија и историја, вели Штерјов.

Содржините се однесуваат на теми кој потекнуваат од подрачја од источниот дел на земјата, со застапеност на автори кои истражуваат и обработуваат теми од наведениот регион. Зборникот содржи 13 трудови од 19 автори, од кој поголем дел произлегуваат од археолошките истражувања во реонот Бучим- Дамјан – Боров Дол, како и археолошки сознанија од истражувањата за експресниот пат А3 Делница Штип – Кочани и Штип – Радовиш и личности. Штерјов посочи дека целта е со публикацијата на истиот, да се систематизираат сите најнови сознанија од наведените области, да се истакне значењето и популаризација на културното наследство, како важен дел од културно -историскиот развој на просторот на Брегалничкиот регион. На настанот присуствува и министерката за култура Ирена Стефоска и директорот на Управата за културно наследство Ацо Костов. вдј/оџ/

Back to top button
Close
Close