Дописници МКДОпштински вести

Штипска неонатологија доби опрема вредна 50.000 евра

Нова опрема доби Одделението  за неонатологија при Клиничка болница Штип. Донацијата е  од Ротари клуб Штип, а одделението  сега на располагање има повеќе апарати кои ќе се користат за новороденчињата. Директорот на Клиничка болница Штип, Ален Ѓеорѓијев, вели дека со ова болницата ги подобрува условите.

Штип, 27 јуни 2022 (МИА) – Нова опрема доби Одделението  за неонатологија при Клиничка болница Штип. Донацијата е  од Ротари клуб Штип, а одделението  сега на располагање има повеќе апарати кои ќе се користат за новороденчињата. Директорот на Клиничка болница Штип, Ален Ѓеорѓијев, вели дека со ова болницата ги подобрува условите.

-Со ова одиме уште еден чекор понатаму. Минатата година одделот за неонатологија доби опрема со сопствени средства и еве сега добиваме нова опрема која се надевам дека ќе биде само почеток. На Ротари клуб ова не им е првпат да донираат, рече  Ѓеорѓијев.

-Добивме неколку апарати, станува збор за монитори, минимонитори за следење витални функции на новородени, грејач за бебиња, што исто многу ќе ни користи како топлинска енергија при ургентни сосотојби и третман кај новородените, при реанимација и при други постапки и вентилатор за асистирана вентилација што се користи кај прематурни бебиња, и ќе ни биде од големо значење, додаде началничката на одделот, Валентина Златковска.

 

Претседателот на Ротари Клуб Штип, Петар Трајанов, вели дека заедно со Проџект хоум ја обезбедија донацијата во вредност од над 50 илјади евра, а станува збор за проект кој во државата започна пред шест години.

-Затоа сме овде да помогнеме на болницата и на заедницата за пацинетите да бидат третирани во подобри услови. Вредноста на опремата која ја дониравме е околу 50 илјади евра и не планираме да застанеме овде, планиарме да обезбедиме и друга опрема за да и помогнеме на болницата, рече Трајанов.

На Одделот за неонатологија при Клиничка болница Штип само во последната седмица се родиле 15 бебиња. вдј/хс/

Таг
Back to top button
Close
Close