Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Штипската изборна комисија ги врачи уверенијата на 23 советници

Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип на денешната свечена седница им ги додели уверенијата на 23 советници во Советот на Општина Штип, а кои првата конститутивна седница ќе ја имаат наредната недела. Претседателот на ОИК-Штип, Виктор Вацев им ги додели уверенија на 13 советници од ВМРО - ДПМНЕ и коалициските партнери, потоа на деветмина од СДСМ и коалиционите партнери и на еден советник од Левица.

Штип, 29 октомври 2021 (МИА) – Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип на денешната свечена седница им ги додели уверенијата на 23 советници во Советот на Општина Штип, а кои првата конститутивна седница ќе ја имаат наредната недела. Претседателот на ОИК-Штип, Виктор Вацев им ги додели уверенија на 13 советници од ВМРО – ДПМНЕ и коалициските партнери, потоа на деветмина од СДСМ и коалиционите партнери и на еден советник од Левица.

Вацев истакна дека изборите во Општина Штип завршија за избор на градоначалник и на советници во првиот изборен круг на 17 октомври, во сабота утре работа имаат членовите на ОИК и еден избирачки одбор во Затвор – Штип, каде што ќе гласаат 90 осудени лица од 27 општини. Избирачкото место ќе биде отворено во 7, а ќе се затвори во 19 часот, осудените лица гласаат на стариот начин со ув ламба и спреј.

Носителите на советничките листи, Владо Захариев од ВМРО – ДПМНЕ и Александар Мишев во своите обраќања се заблагодарија на граѓаните, кои гласале на 17 октомври и порачаа дека ќе работат и носат одлуки во нивен интерес и развој на општината. На свечената седница се обрати и советникот Иван Бојаџиски, кој е и највозрасен советник во новиот Совет.

Тој во своето обраќање рече дека каков што бил денешениот ден, таква ќе биде и соработката на советниците. Се надева дека и позицијата и опозицијата ќе работат во интерес на граѓаните, а како опозиција ќе водат жестока битка за се она што сметаат дека актуелноста власт треба да го направи, а не го реализира.

Во новиот совет е и Зоран Костовски, на кого ова му е петтиот мандат во Советот на општината. Посочи дека како советник повеќе пати е на опозициската страна, отколку на страна на позицијата. Смета дека сите треба да работат во интерес на граѓаните и советниците да имаат заеднички став за големите проекти за Општина Штип. вдј/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close