0_Спорт.ПорталСпортСпорт.СлајдерФудбал

Шкупи поразен од Шамрок и во реваншот од третото коло во квалификациите на ЛЕ

Македонскиот шампион Шкупи загуби од Шамрок вечерва во третото коло од квалификациското коло за Лигата на Европа.

Скопје, 9 август 2022 (МИА) – Македонскиот шампион Шкупи загуби од Шамрок вечерва во третото коло од квалификациското коло за Лигата на Европа.

Гостите од Ирска вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје забележаа победа со 2:1.

Стрелци на головите за гостите беа Рори Гафни во 65. и Аидомо Емаку во 85. минута. Конечниот резултат го постави Адетунџи во судиското надополнување.

Ирскиот претставник славеше победа и на првиот дуел на домашен терен пред шест дена со 3:1 и со вкупни 5:2 оди во плејофот во Лигата на Европа. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close