0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Шкупи поразен од Балкани во плејофот за групната фаза во Лигата на Конференции

Македонскиот шампион Шкупи доживеа пораз со 1:2 вечерва во првиот натпревар од баражот со Балкани за групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Скопје, 18 август 2022 (МИА) – Македонскиот шампион Шкупи доживеа пораз со 1:2 вечерва во првиот натпревар од баражот со Балкани за групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Чаирчани имаа повеќе шанси, но само еднаш ја затресоа мрежата на гостинот од Сува Река кој задоволен ќе го чека реваншот на свој терен

Шкупи прв дојде во водство на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје преку Сандеј Адетунџи во 19.минута. По само четири минути израмни Албион Рахмани, а Меритон Кореница во 67.минута ги постави конечните 2:1.

Реваншот ќе се игра по седум дена во Косово. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close