0_Спорт.ПорталОстанатоСпортСпорт.Слајдер

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Американската скијачка Микаела Шифрин синоќа победи во слаломот од Светскиот куп одржан во австриски Шладминг. За неа ова беше 47-ма победа со што постави рекордот за најмногу триумфи во една дисциплина на Светскиот куп. Досегашен рекордер беше легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк, кој победи 46 пати во велеслалом.

Шладминг, 12 јануари 2022 (МИА) – Американската скијачка Микаела Шифрин синоќа победи во слаломот од Светскиот куп одржан во австриски Шладминг. За неа ова беше 47-ма победа со што постави рекордот за најмногу триумфи во една дисциплина на Светскиот куп. Досегашен рекордер беше легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк, кој победи 46 пати во велеслалом.

Шифрин двете трки во Шладминг ги заврши со вкупно време 1.32.66 минута.

Втора беше Петра Влхова (Словачка) со заостанување од 15 стотинки зад победничката.

Трето време и место на победничкито подиум си обезбеди Лена Дуер (Германија) која двете трки ги заврши за 1:33.59 минута.

Во Генералниот пласман води Шифрин со 966 бодови, пред Влхова која има 911, трета е Софија Гоџа од Италија со 657. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close