Локални избори 2021Општински вестиСкопје

Шилегов: Нивото на ПМ 10 честичките во последните четири години е во постојан пад, а загадувањето во Скопје повеќе не е главна тема

Бројките покажуваат дека во последните четири години, нивото на ПМ 10 честичките, најиндикативната мерка за загадување на воздухот е во постојан пад, а на годишно ниво овие честички успеавме да ги доведеме речиси до граничната вредност од 40 милиграми на метар кубен, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Скопје, 12 октомври 2021 (МИА) – Бројките покажуваат дека во последните четири години, нивото на ПМ 10 честичките, најиндикативната мерка за загадување на воздухот е во постојан пад, а на годишно ниво овие честички успеавме да ги доведеме речиси до граничната вредност од 40 милиграми на метар кубен, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Шилегов посочи дека загадувањето повеќе не е главна тема во Скопје, но важно е да се знае и дека проблемот со загадувањето не може целосно да се реши со краткорочни или среднорочни активности.

– Ако во 2016 година сме имале 71,91 микробран на метар кубен, во 2020 зборуваме за 47,70 ПМ 10 честички на микрограми во метар кубен. Иако се верува дека метеоролошките прилики се тие што значително влијаат на квалитетот на воздухот гледаме дека на годишно ниво, брзината на ветрот, брзината на движењето на атмосферата, врнежите, се константи вредности што не се менувале, а количеството на врнежи не е пропорционално на падот на загадувањето, појасни тој.

Градоначалникот на Град Скопје истакна дека позитивните резултати се производ на пристапот што го имале во борбата со загадувањето.

– Земајќи ги предвид најголемите загадувачи, односно затоплувањето на домаќинството, прашината создадена од неуредните површини, уличната прашина, прашината од градежните активности, индустријата, во последните четири години воведовме низа мерки што влијаат на нив. Мерките се многу, субвенции за купување инвертери, нови автобуси на гас, користење на новиот стерилизатор за третирање на медицински отпад во Дрисла, засилени инспекциски контроли, подигање на нови зелени површини, кампања за пријавување на огнови на отворено преку телефонскиот број 193, расчистување на сите диви депонии во рамки на опфатот на ГУП, расчистување на стрништа, субвенции за електрични тротинети, велосипеди и субвенции за чистење оџаци, додаде Шилегов на денешната прес-конференција.

Тој потсети и дека активностите што тој ги преземал како градоначалник не се мегаломански или непотребни проекти што дополнително го загадувале градот во минатото.

– Проектите се онакви какви што треба да бидат, умерени со хумана средина за нивниот развој. Овие бројки се доказ дека се движиме по вистинскиот пат кога станува збор за загадувањето и нашата намера е да продолжиме токму во оваа насока, порача Петре Шилегов.

Тој додаде дека со затворање на секундарниот гасоводен систем градот е спремен да влезе во имплементација на финалната фаза на гасификација, од друга страна градот е спремен инфраструктурно во човечки потенцијал да го преземе затоплувањето на домовите особено во северниот дел, преку градските енергетски системи. ки/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close