Локални избори 2021Политички партии

Шилегов на средба со Арјанит Хоџа

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска оствари средба со генералниот секретар на БЕСА Арјанит Хоџа на која дискутирале за состојбите во главниот град.

Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) – Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска оствари средба со генералниот секретар на БЕСА Арјанит Хоџа на која дискутирале за состојбите во главниот град.

-Скопје за четири години целосно се промени, од град каде владееја поделби и нерамномерен развој, денес Скопје е сосема поинаква приказна. Скопје вложува во секој дел од градот со цел сите негови жители да имаат еднаков пристап до квалитетна и модерна инфраструктура, истакнал Шилегов на средбата.

Како што информира прес-службата на Шилегов, на средбата дискутирале и за обединувањето што постојано расте, но и за поддршката што БЕСА ја пружа во вториот изборен круг.

-Во следните четири години продолжуваме обединето за подобро, модерно и европско Скопје, вели Шилегов. ки/дма/

Back to top button
Close
Close