Локални избори 2021Политички партии

Шилегов најави дислоцирање на Железара, Цементарница и другата тешка индустрија од Градот

Хуманизација на просторот во Скопје преку бришење на јужната обиколница и дислоцирање на Железара, Цементарница, и другата тешка индустрија надвор од Скопје, најави актуелниот и кандидат на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

Скопје, 21 октомври 2021 (МИА) – Хуманизација на просторот во Скопје преку бришење на јужната обиколница и дислоцирање на Железара, Цементарница, и другата тешка индустрија надвор од Скопје, најави актуелниот и кандидат на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

-Во Генералниот урбанистички план што ќе биде донесен во 2022 година, во Скопје ќе нема ознака за изградба на тешка индустрија. Значи, тешката индустрија перспективно, во следните 10 години, тука мислам пред се на комплексот на Железара и на Цементарница, ќе мора да се исели. Тоа е хуманизација на просторот, рече Шилегов на гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Нагласи дека тоа ќе биде сложена операција.

– Железарница и Цементарница на пример ќе мора да се иселат и тоа е зборувано со нивниот менаџмент. Тоа ќе биде сложена операција, сериозен процес за дислокација на тие капацитети, но градот мора да се хуманизира, нагласи Шилегов.

Најави дека јужната обиколница која ги сече падините на Водно ќе ја избрише од ГУП-от и додаде дека на Скопје му се случила бетонизација, бидејќи граѓаните не биле вклучени во процесите на носење одлуки.вј/аа/

Back to top button
Close
Close