Локални избори 2021Политички партии

Шилегов: Луѓето треба да го дадат својот глас и заслужуваат да ги видат спротивставените концепти

Недоаѓањето на дебатите или избегнувањето на дебатите, со било какви изговори не е ништо друго, туку потценување на Скопје и на скопјани, на сите граѓани на нашиот град, порача градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Скопје, 28 октомври 2021 (МИА) – Недоаѓањето на дебатите или избегнувањето на дебатите, со било какви изговори не е ништо друго, туку потценување на Скопје и на скопјани, на сите граѓани на нашиот град, порача градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

На вечерашното гостување на Алсат ТВ, актуелниот градоначалник на Град Скопје, посочи дека смета дека недоаѓањето на дебати е потценување, бидејќи, како што кажа, „луѓето треба да го дадат својот глас и заслужуваат да ги видат спротивставените концепти“.

– Затоа што како граѓаните би одлучиле, по основ на што, ако главните кандидати, бидејќи ние двајцата сме во трката за вториот круг, ако главните конкуренти не ги соопштат своите концепти, посочи тој.

Шилегов додаде дека тој не познава човек кој не сака Скопје да е убаво, модерно, ефикасно, но прашањето е како се доаѓа до тоа.ар/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close