0_Web_АктуелноЛокални избори 2021ПолитикаПолитички партии

Шилегов: Бутел најбрзо се развиваше во изминативе четири години

Бутел денес е една од општините со најмногу важни капитални проекти и затоа најбрзо се развива. Во Бутел изминатиот мандат вложивме многу, истакна актуелниот и кандидат за градоначалник на Скопје Петре Шилегов кој денеска оствари повеќе средби со жителите на оваа скопска општина.

Скопје, 24 октомври 2021 (МИА) – Бутел денес е една од општините со најмногу важни капитални проекти и затоа најбрзо се развива. Во Бутел изминатиот мандат вложивме многу, истакна актуелниот и кандидат за градоначалник на Скопје Петре Шилегов кој денеска оствари повеќе средби со жителите на оваа скопска општина.

Во разговор со бутелчани Шилегов потенцираше дека Бутел е општина со најбрз развој во изминатите четири години.

– Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош обезбедивме побрз излез на скопската обиколница преку модерно булеварско решение со тротоари, вело-патеки, лед осветлување, средишно и странично зеленило. Исто и некогашната улица Босна и Херцеговина сега е булевар со велосипедски и пешачки патеки, ново зеленило и ново осветлување. Ги реконструиравме улиците Александар Урдаревски, Лазо Трповски и Боца Иванова, а при крај е и улицата Бутелска, додаде Шилегов.

Како што кажа, во план е пробивање на булеварот „Хрватска“ и продолжување на булеварот „Словенија“ до Ѓорче Петров, и со тоа, вели, северниот магистрален прстен конечно ќе стане целина.

– Со тоа се остварува долгогодишниот сон за поврзување на Бутел и Автокоманда со булеварско решение од булеварот „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски – Карпош“ до „Естекада“. Новиот булевар оди заедно со нови линии на јавниот превоз, нови велосипедски и пешачки патеки, најави Шилегов.

Шилегов истакна дека изградбата на паркови, културни објекти и јавни содржини кои обединуваат луѓе не смее да запре и ги повика граѓаните да излезат на изборите и да гласаат. ар/нд/

Таг
Back to top button
Close
Close