Локални избори 2021Политички партииСкопје

Шилегов: Асфалтирање на булеварот „Киро Глигоров“ од мостот Близнак до крстосницата со „Перо Наков“

Скопје го менува својот лик. Скопје стана град кој ги поврзува своите граѓани. Булеварот „Киро Глигоров“ е еден од симболите на тоа поврзување, изјави денеска актуелниот градоначалник на Скопје и кандидатот на прв човек на главниот град на СДСМ, Петре Шилегов, пред почетокот на асфалтирањето на булеварот „Киро Глигоров“ на потегот од мостот Близнак до крстосница со улица „Перо Наков“.

Скопје, 22 октомври 2021 (МИА) – Скопје го менува својот лик. Скопје стана град кој ги поврзува своите граѓани. Булеварот „Киро Глигоров“ е еден од симболите на тоа поврзување, изјави денеска актуелниот градоначалник на Скопје и кандидатот на прв човек на главниот град на СДСМ, Петре Шилегов, пред почетокот на асфалтирањето на булеварот „Киро Глигоров“ на потегот од мостот Близнак до крстосница со улица „Перо Наков“.

– Очекуваме овде утре да се стабилизира сообраќајот. Откако завршивме со поставување на атмосферската и фекалната канализација, денеска овде финишираме со коловозот во должина од 682 метри. Ова е многу битно за нашиот град, бидејќи успеавме да изградиме инсталација којашто ја поврзуваме со колекторскиот систем кој се гради во непосредна близина, кај салонот на „Мерцедес“. За оваа реконструкција на улицата, од буџетот на Градот Скопје се издвоени 110 милиони денари со вклучен ДДВ, а изведбата е предвидена за девет месеци. Но, како што гледате, многу сме побрзи од тоа, бидејќи почнавме во јули и планираме набрзо да го завршиме целиот потег, рече Шилегов.

Тој им се заблагодари на скопјани за трпението кое го покажуваат за неопходноста од реконструкциите кои се интензивирани во овој период, не само годинава, туку и претходните години.

– Оваа улица е исклучително фреквентна, бидејќи ја поврзува општината Гази Баба со Аеродром и Кисела Вода. Само за потсетување, пред три години изградивме велосипедска патека низ булеварот. Таа, заедно со велосипедските патеки на булеварот Србија, како и оние на булеварите „Јане Сандански“, АСНОМ и „Александар Македонски“, претставува важен велосипедски коридор кој ги поврзува општините Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода, изјави Шилегов.

Тој потенцира дека изградбата на мостови и улици, кои поврзуваат и обединуваат, не смее да запре.

– Изградбата на урбано, зелено и европско Скопје мора да продолжи, рече Шилегов, кој ги повика граѓаните на обединување.

– Да дадеме поддршка на младите, тука да градат семејства и тука да вложуваме во здрава животна средина, во здрава иднина на нашите деца, во чистиот воздух и модерната инфраструктура. Вашата сила е вашиот глас. Излезете да се изборите и да изберете едно силно Скопје, кое расте, гради, набргу да стане развиена европска метропола. Да се обединиме затоа што Скопје не смее да запре, истакна Шилегов.

Тој, меѓудругото, потенцира дека не бега од тв-дуел со противкандидатката Данела Арсовска, која, како што рече, не била нападната во неговата кампања.

-Во ниту еден момент Арсовска не беше нападната во мојата кампања. За разлика од тоа, јас сум предмет на црна кампања повеќе месеци. Арсовска го одобрува тоа што го прави Мицкоски, затоа што го одмолчува. Не знам каде госпоѓата се почувствува навредена. Потценувањето на скопјани, оние кои се влезени во вториот круг да се соочат во една дебата за да се видат концептите, за мене, е навистина недемократски чин, и сериозно ме потсетува на некои минати времиња, кои се случуваат последните денови, со шиканирање на луѓе, со закани, недолични пораки. Арсовска е должна кон скопјани, не кон мене, за тоа кој каков град сака да развива, вели Шилегов, кој потенцира дека нема подемократски чин од дебата. ир/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close