0_Спорт.ПорталФудбал

Шеснаесет од 27 фудбалски федерации во ЕУ се спротивставија на Супер лигата, Шпанија и Италија меѓу нив

Повеќето земји од Европската унија се спротивставија на проектот Суперлига. Вкупно 16 од 27-те земји на ЕУ писмено го известиле Европскиот суд на правдата, кој на барање на трговскиот суд во Мадрид испитува дали УЕФА и ФИФА имаат право на целосна контрола врз светскиот фудбал.

Нион, 21 октомври 2021 (МИА) – Повеќето земји од Европската унија се спротивставија на проектот Суперлига. Вкупно 16 од 27-те земји на ЕУ писмено го известиле Европскиот суд на правдата, кој на барање на трговскиот суд во Мадрид испитува дали УЕФА и ФИФА имаат право на целосна контрола врз светскиот фудбал.

Противници на Суперлигата се и Шпанија и Италија, земјите во кои се сместени трите клуба кои не го напуштија проектот: Реал, Барселона и Јувентус.

Европскиот суд на правдата се очекува да одржи јавни расправи во првата половина на 2022 година. Пресудата може да се појави неколку месеци по сослушувањето.

Претходно, УЕФА го отфрли случајот против основачите на Суперлигата – Барселона, Реал Мадрид и Јувентус – како и парични побарувања против тимовите што ја напуштија Суперлигата. Во исто време, синдикатот ја обжали одлуката на судот во Мадрид. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close