0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерПолитика

Шекеринска на Самитот за Западен Балкан: Балканот е тест за посветеноста, силата и амбицијата на Европската Унија

Ако Европа сака сериозно да биде сфатена како глобален играч, мора сериозно да се размисли за одлуките кои претстојат. Балканот секогаш беше лакмусов тест за желбата, посветеноста, силата и амбицијата на Европа. Сега е време повторно да се покаже овој европски порив и амбиција, нагласи министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на денешниот Самит за Западен Балкан, насловен „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“, што се одржува во Скопје, во организација на престижниот „Економист“.

Back to top button
Close
Close