СпортСпорт.СлајдерФудбал

Шевченко ја предводи Џенова против Милан, емоциите ќе ги остави на страна

Андриј Шевченко утре ќе ја предводи Џенова против својот поранешен клуб Милан во рамките на натпреварот од Серија А. За овој случај тој изјави дека ќе ги остави емоциите на страна.

Скопје, 30 ноември 2021 (МИА) – Андриј Шевченко утре ќе ја предводи Џенова против својот поранешен клуб Милан во рамките на натпреварот од Серија А. За овој случај тој изјави дека ќе ги остави емоциите на страна.

– Возбуден сум, се разбира, но, се обидувам да ги контролирам чувствата, дел од животот е да се соочиш со овие предизвици. Јас сум професионалец и им ветив на навивачите на дека ќе сторам 100 проценти за тимот, изјави Шевченко, пренесуваат италијанските медиуми.

Дополни дека секогаш ќе навива за Милан, но не и против Џенова.

– Доаѓаат од два последователни порази, но играат добар фудбал, создаваат многу шанси. Ќе мораме да бидеме претпазливи и внимателни и покрај отсуството на многу наши важни играчи, додаде Шевченко.

Тој се заблагодари на навивачите за големата поддршка и изјави дека се надева дека тие ќе бидат дванаесетти човек на теренот и против Милан. ар/дма/

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close