ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Шведска и Турција разговараат за екстрадициите што ги бара Анкара

Делегација на Шведска-кандидат за членство во НАТО денеска се сретна со турски официјални претставници за да разговара за барањата на Анкара за екстрадиција на луѓе кои ги смета за терористи, објави турската државна новинска агенција.

Анкара, 5 октомври 2022 (МИА) – Делегација на Шведска-кандидат за членство во НАТО денеска се сретна со турски официјални претставници за да разговара за барањата на Анкара за екстрадиција на луѓе кои ги смета за терористи, објави турската државна новинска агенција.
Турција се закани дека ќе ги блокира кандидатурите на Шведска и Финска да се приклучат на воената алијанса, ги обвини двете нордиски земји дека ја игнорираат нејзината безбедносна загриженост и инсистира да го променат својот став кон курдските бунтовници и другите групи кои Анкара ги смета за терористи.
Анкара побара и укинување на ембаргото за оружје на Турција. НАТО одлучува со консензус, а за членството на нордиските земји потребно е одобрение од Турција.
Официјални лица од министерствата за правда на Шведска и Турција започнаа дводневни разговори за можна екстрадиција на луѓе поврзани со забранетите курдски групи или мрежата на прогонетиот свештеник кој Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот пуч во 2016 година.
Минатата недела, Шведска објави дека ќе го укине ембаргото за оружје воведено од Анкара во 2019 година, по воената операција на Турција против курдската полиција во Сирија. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close