0_Македонија.ПорталОпштество

Шаќири на дводневен министерски состанок во организација на УНЕСКО

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска и утре учествува на состанок во организација на УНЕСКО во Париз, како подготвителна активност во пресрет на Самитот за трансформација на образованието што во септември оваа година ќе се случува во Њу Јорк, иформира прес-службата на министерот Шаќири.

Париз, 29 јуни 2022 (МИА) – Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска и утре учествува на состанок во организација на УНЕСКО во Париз, како подготвителна активност во пресрет на Самитот за трансформација на образованието што во септември оваа година ќе се случува во Њу Јорк, иформира прес-службата на министерот Шаќири.

– Владата на Северна Македонија не само што овозможи континуитет на воспитно – образовниот процес за време на пандемијата, туку токму во овој период ги иницираше и започна со имплементација на најкрупните образовни реформи кои досега се случиле во државата и тие треба да го трансформираат националниот образовен систем во современ модел, кој ќе ги интегрира новите стандарди за квалитет и ќе одговара на глобалните образовни трендови, истакнал Шаќири во своето обраќање.

Министерот посочил дека во изминатите две години, Владата со поддршка на повеќе домашни и меѓународни фактори како УНИЦЕФ, Светска Банка, ОЕЦД и други направила план за целосно реформирање на основното образование со фокус на наставата, инфраструктурата и наставниот кадар.

– Донесовме нов Концепт за основно образование што ги содржи главните препораки на меѓународни и домашни експерти за тоа како треба да изгледа современиот воспитно – образовен процес. Ги насочуваме младите да учат со разбирање и така тие стануваат подобро подготвени за понатамошна образовна надградба. Започнавме со етапна изработка на нови наставни програми и учебници. Се фокусиравме и на образовната инфраструктура и најважно се насочивме кон подигнување на мотивацијата за работа на наставниците преку подобри услови за работа, повисоки плати и воведување на можности за континуиран професионален и кариерен развој, потенцираше министерот.

Како што информира прес-службата на Шаќири, говорејќи за идните планови на Министерството за образование и наука, тој информирал дека неодамна започнало да се спроведува ново национално тестирање на знаењата на учениците од трето и петто одделение, а резултатите од истото, заедно со резултатите од меѓународните студии за проверка на перформансите на учениците како ПИСА и ТИМСС, треба да ги дефинираат идните правци на делување. ки/са/

 

Таг
Back to top button
Close
Close