0_Web_АктуелноОпштество

Шахпаска-Бенгтссон: Мобилните тимови за превенција од трговија со луѓе се позитивен пример прифатени и од другите држави во регионот

нистерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со шведската амбасадорка во Република Северна Македонија, Кристин Форсгрен Бенгтссон.

На средбата биле презентирани активностите што Министерството за труд и социјална политика ги презема околу планот за превенција и заштита на жртвите од трговија со луѓе, особено на жените и децата.

Во соопштението од прес-службата на Министерството се вели дека на средбата се говорело и за Секторот за еднакви можности, преку кој МТСП има улога на координатор на националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе (НМУ) кој претставува рамка за соработка и координиран приод помеѓу социјалните служби, полицијата, трудовите инспектори и невладиниот сектор.

Во соопштението се додава и дека е огромна улогата на Центрите за социјална работа и стручните лица кои  се дел од мобилните тимови за рано откривање на жртви со трговија со луѓе.

-Мобилните тимови за превенција од трговија со луѓе се позитивен пример и добра пракса која е прифатена од други земји во регионот. Во нашата држава во моментов постојат пет тима составени од претставници на Министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи и од здравство и од претставници од невладините организации. Тие функционираат  во Тетово, Гостивар, Куманово, Битола и Гевгелија. Нашата намера е да  формираме уште такви тимови и во други општини, затоа што тие  покажаа огромни резултати во навремено идентификување и превенција на жртви на трговија со луѓе“, рече Шахпаска.

Бенгтссон ја информирала министерката Шахпска за состојбата со трговијата со луѓе и со законските решенија и мерки кои се преземаат во Шведска. Таа посочила дека во изминатиот период голем дел од активностите од шведската влада се насочени и кон Северна Македонија.

Шведската амбасадорка најави оти ќе продолжат со напорите во борбата против трговија со луѓе на државите во регионот вклучувајќи ја и Република Северна Македонија. Таа денеска го посети и Шелтер центарот за жртви на трговија со луѓе во Скопје. ки/нд/

Back to top button
Close
Close