0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт.Слајдер

Чикаго за прв пат од 1996 година ја започна сезоната со четири победи

Кошаркарите на Чикаго булс, ноќеска на гости го победиja Торонто репторс со 111:108. Булс ја забележаа четвртата победа во четири натпревари на почетокот на сезоната.

Торонто, 26 октомври 2021 (МИА) – Кошаркарите на Чикаго булс, ноќеска на гости го победиja Торонто репторс со 111:108. Булс ја забележаа четвртата победа во четири натпревари на почетокот на НБА-сезоната.

Последен пат Чикаго имаше четири стартни победи во за нив шампионската сезона 1996/97 година, кога за тимот на Фил Џексон играа легендарните Мајкл Џордан, Скоти Пипен и Денис Родман.

Чикаго моментално е на врвот на табелата во лигата и е единствениот тим на Истокот кој нема пораз.

Следен противник на Чикаго ќе биде Њујорк никс ноќта четврток кон петок. зс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close