Дописници МКДОпштество

Четири пожари изминатово деноноќие во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Четири пожари се евидентирани на подрачјето на Куманово, Липково и Старо Нагоричане, изминатово деноноќие, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Куманово, 19 август 2022 (МИА) – Четири пожари се евидентирани на подрачјето на Куманово, Липково и Старо Нагоричане, изминатово деноноќие, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Во липковските села Ваксинце и Слупчане горела запалена сува трева и стрниште. Двата пожари се случиле по 15 часот и биле изгаснати со по едно противпожарно возило и една екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарникарите гаселе пожар и во Куманово во населбата „Перо Чичо“ на запален отпад по 22 часот.

Пожарникарите од Старо Нагоричане гаселе запалено стрниште во Старо Нагоричане во периодот од 20:10 до 20:35часот.ам/вј/

Таг
Back to top button
Close
Close