Дописници МКДОпштински вести

Четврто издание на Велосипедската тура околу Калиманско езеро

Велосипедската тура ,,Tour The Kalimanci Lakе" и годинава ги собра велосипедистите од М.Каменица, Кочани, Виница, Делчево и Скопје на планинската тура околу Калиманско Езеро. Со реализацијата на четвртото издание на овој настан како што истакнаа организаторите, Македонска Каменица полека се афирмира во еден од главните центри на одржување на велосипедски тури во источниот дел од државата.

Македонска Каменица, 26 септември 2021 (МИА) – Велосипедската тура ,,Tour The Kalimanci Lakе” и годинава ги собра велосипедистите од М.Каменица, Кочани, Виница, Делчево и Скопје на планинската тура околу Калиманско езеро. Со реализацијата на четвртото издание на овој настан како што истакнаа организаторите, Македонска Каменица полека се афирмира во еден од главните центри на одржување на велосипедски тури во источниот дел од државата.

-Официјалниот дел од турата започнува од браната Калиманци, па се до завршувањето на локалниот пат кај село Илиово. Вкупната должина на патеката околу Калиманско езеро изнесуваше 36 километри, додека официјалниот дел од „Tour de Kalimanci lake“ е 22 километри. Патеката беше обезбедена со попатни станици за краток одмор и пунктови со освежителни пијалоци, истакнаа организаторите.

Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица и Културно информативниот центар „Романса“ и има за цел покрај дружењето и рекреацијата на учесниците, да се даде силен придонес кон промоција на природните убавини на Македонска Каменица и Калманско езеро во функција на развој на спортот и туризмот.

Со одржувањето на Велосипедската тура  како што додаде градоначалничката на М.Каменица, Соња Стаменкова се испраќа силна порака за омасовување на овој спорт, зачувување на здравјето и чистата животна средина. вс/са/

Back to top button
Close
Close