Дописници МКДОпштински вести

Честитки за Божик од градоначалниците Дука, Куртовски и Ибраим

Првите луѓе на општините Дебар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа упатија срдечни честитки до сите православни верници по повод божиќните празници.

Дебар,7 јануари 2022 (МИА) – Првите луѓе на општините Дебар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа упатија срдечни честитки до сите православни верници по повод божиќните празници.

-Од мое и од име на Советот и општинската администрација на сите православни верници им го честитам еден од најголемите христијански празници, Божик. Празничните денови нека донесат радост, здравје, мир и спокој во секое семејство, насочувајќи не кон разбирање, проштевање и добра волја, како и желба за постојан напредок на заедницата, стои во честитката на градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Христотово раѓање-Божик со најубави желби го честиташе и Медат Куртовски, повереник за надлежностите на градоначалник на општина Маврово и Ростуше.

-Среќни и весели празнични денови на сите припадници на православната религија. Во мое име и во име на советот и општинската администрација Ви посакувам здравје, среќа, радост и душевен мир, напиша Куртовски во честитката.

Христовото раѓање Божик го честиташе и градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим.

-Нека бидат со радост исполнети вашите души, среќа и благосостојба во вашите домови, и љубов и почит поголема. Да се радуваме сите заедно за убави работи, посака градоначалникот Ибраим. вт/хс/

Таг
Back to top button
Close
Close