Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Честитка по повод 28 ноември од МАЕИ,  МД „Илинден”- Тирана и градоначалникот Колефски

Честитки по повод 28 ноември Денот на независноста на Албанија упатија единствената макединска партија во оваа земја, МАЕИ, македонското друштво „Илинден"-Тирана и градоначалникот на општина Пустец.

Тирана, 28 ноември 2021(МИА) – Честитки по повод 28 ноември Денот на независноста на Албанија упатија единствената макединска партија во оваа земја, МАЕИ, македонското друштво „Илинден”-Тирана и градоначалникот на општина Пустец.

– Во име на единствената партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска инеграција, МАЕИ на сите граѓани на Албанија им го честитам 28-ми Ноември – Денот на независноста на Албанија! Честитит празник, напиша во објава на Фејсбук, Васил Стерјовски.

Тој при тоа постира фотографија од тој историски настан кога во приморскиот град Валона, на денешен ден пред 109 години, е прогласена независноста и развиорено албанското национално знаме.

– Македонското друштво „Илинден”-Тирана Ви ги честита 28 ноември Денот на независноста на Република Албанија и 29. ноември 1944 – денот на ослободување од наци-фашистичката окупација.Честити празници, стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Честитка по повод 28 ноември упати и градоначалникот на Пустец, Пали Колефски. вт/оџ/

 

Back to top button
Close
Close