0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Челзи мора да го покаже својот најдобар фудбал против Тотенхем

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, ги сподели своите очекувања за натпреварот од 23. коло на Премиер лигата со Тотенхем.

Лондон, 23 јануари 2022 (МИА) – Тренерот на Челзи, Томас Тухел, ги сподели своите очекувања за натпреварот од 23. коло на Премиер лигата со Тотенхем.

– Резултатите на последните натпревари беа добри и треба да направиме сè за овој меч да да биде исто таков. Се среќаваме со Тотенхем по трет пат за краток период, и тоа не е типична ситуација, па мислам дека тие горе-долу знаат како играме, а и ние знаеме многу за нив. Сепак, само од нас. дали ќе може да се постигне резултат или не, изјави Тухел.

Според германскиот фудбалски стручњак, победидте над Тотенхем оствареи на двете средби во Лига купот ќе му дадат поголема самодоверба на Челзи.

– Тоа не е прашање на предност или филозофија. Тоа е прашање на враќање и Челзи мора да го покаже својот најдобар фудбал против Тотенхем, истакна Тухел.

Големите лондонски ривали ќе се соочат денес на „Стемфорд Бриџ“. Натпреварот ќе започне во 17:30 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close