0_Спорт.ПорталСпортСпорт.СлајдерФудбал

Часовник вреден 70.000 евра украден од Левандовски и закопан во близина на базата на Барселона

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски кој сезонава ја засили Барселона, денес попладне имал непријатна случка. Му бил украден часовник вреден 70 илјади евра.

Барселона, 18 август 2022 (МИА) – Полскиот фудбалер Роберт Левандовски кој сезонава ја засили Барселона, денес попладне имал непријатна случка. Му бил украден часовник вреден 70 илјади евра.

Додека возел кон клупската база на закажаниот тренинг, повеќе навивачи го чекаа на кружниот тек кај тренинг комплексот. Според еден очевидец,  крадецот ја отворил совозачката врата од автомобилот, со намера да украде мобилен телефон.

Но, според тамошната „ТВ3“, повикувајќи се на полициски извори, откако Левандовски го спуштил прозорецот од автомобилот за да им даде автограми на три лица, еден од присутните, од возилото грабнал часовник, престижен модел „Патек Филип“ вреден 70.000 евра. Левандовски се обидел да го фати крадецот и да си го врати часовникот, но разбојникот побегнал и фудбалерот го загубил од вид.

По добивање пријава, шпанската полиција успеала да го пронајде крадецот кој го признал делото. Полицијата го пронашла часовникот кој бил закопан во градините во близина на базата на Барса.

Левандовски во Барселона дојде од Баерн Минхен како едно од најзвучните засилувања во летниот трансфер период. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close