0_Спорт.ПорталСпортСпорт.СлајдерФудбал

Чави: Левандовски ќе почне да постигнува голови, само прашање на време е

Тренерот на Барселона, Чави, ја оцени играта на Роберт Левандовски во неговиот деби натпревар во Примера.

Барселона, 14 август 2022 (МИА) – Тренерот на Барселона, Чави, ја оцени играта на Роберт Левандовски во неговиот деби натпревар во Примера.

Каталонскиот клуб вчера одигра нерешено 0:0 со Рајо Ваљекано во натпреварот од 1. коло на шампионатот на Шпанија. Напаѓачот ги одигра сите 90 минути.

– Задоволен сум бидејќи Левандовски работи за тимот. Одлично ја контролира топката и им помага на соиграчите. Но, секако ни треба поголема ефикасност. Денес ова е главниот проблем на тимот. Роберт, како и сите нас, е разочаран од овој резултат. Ќе почне да постигнува голови, тоа е прашање на време, изјави Чави.

Најдобар играч на натпреварот беше македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој веќе три средби по ред не дозволува да биде совладан од играчите на Барселона. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close