0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерОпштество

ЦУК: Пожар кај стариот млин на патот Битола – Прилеп

Центарот за управување со кризи информира дека гори стрниште кај стариот млин на патот Битола – Прилеп. Пожарот е се уште активен и екипите се на терен. Се интервенира со едно возило и со двајца пожарникари.

Скопје, 11 август 2022 (МИА) – Центарот за управување со кризи информира дека гори стрниште кај стариот млин на патот Битола – Прилеп. Пожарот е се уште активен и екипите се на терен. Се интервенира со едно возило и со двајца пожарникари.

– Во атарот на селото Беловиште кон Куново гори депонија која може да предизвика штети и во шумскиот појас. На терен се четворица вработени од Национални шуми подружница Шара како и екипи од ТПП Гостивар со едно возило и двајца пожарникари. Состојбата се следи и доколку има потреба ќе бидат ангажирани дополнителни екипи, информираат од ЦУК. дма/сп/

Фото: МИА архива

Таг
Back to top button
Close
Close