Дописници МКДОпштински вести

Црвен крст спроведе бесплатен здравствен преглед за граѓаните на Кочани

Во рамки на активностите за превентивна здравствена заштита на населението, Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска спроведе есенска акција за бесплатен здравствен преглед на граѓаните.

Кочани, 21 октомври 2021 (МИА) – Во рамки на активностите за превентивна здравствена заштита на населението, Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска спроведе есенска акција за бесплатен здравствен преглед на граѓаните.

На пунктот кај Градскиот плоштад во Кочани, лекар и медицински персонал го мереа крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, а даваа и совети за нивна правилна регулација.

-Се работи за основен медицински преглед што треба редовно да се прави, особено кај повозрасните и хронично болните. Од денешните прегледи утврдивме дека кај повеќето граѓани нивото на шеќерот и крвниот притисок се во рамки на нормалните и дозволени граници. Кај неколкумина, кои имаат проблем со дијабетес, регистриран е нешто повисок шеќер во крвта, за што дадовме соодветни упатства како да го регулираат. Се работи за постара популација, која редовно треба да зема лекови, да ја контролира количината и видот на храната и да спроведува дијабетско хигиенски режим, истакна Јорданка Манева, медицинско лице.

Во текот на двочасовната активност, на медицинскиот пункт беа прегледани 45 граѓани, а од општинскиот Црвен крст од Кочани истакнаа дека ваквите здравствени кампањи се спроведуваат согласно програмата и планот за здравствено-превентивна заштита на населението. та/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close