Дописници МКДОпштински вести

Црвен крст Куманово им се заблагодари на волонтерите – „мали, но големи херои“

Општинската организација на Црвениот крст Куманово додели благодарници за волонтерите кои годинава помогнаа во активности за справување со пандемијата, од пожарите, тековни активности како што е поделба на хуманитарни пакети за ранливите категории граѓани. Младите, како што посочија од организацијата, се соочија со предизвици кои тековно се надминуваа. Активноста се спроведува во рамки на одбележувањето на Денот на волонтерите.

Куманово, 18 декември 2021 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст Куманово додели благодарници за волонтерите кои годинава помогнаа во активности за справување со пандемијата, од пожарите, тековни активности како што е поделба на хуманитарни пакети за ранливите категории граѓани. Младите, како што посочија од организацијата, се соочија со предизвици кои тековно се надминуваа. Активноста се спроведува во рамки на одбележувањето на Денот на волонтерите.

– Започнавме со вклучување и превенција во делење на хуманитарни пакети, имунизација на вакциналните пунктови, гасење на пожари. Овој ден е во знак на благодарност кон луѓето кои се вклучија и помогнаа да се направи промена. По тој повод сме тука ќе доделиме благодарници на нашите „мали, но големи херои“ на локално ниво. Воедно може да се проследат и нашите фотографии направени од теренски активности, настани, изјави Ивана Стојановска, заменик лидер на клуб на млади Црвен крст Куманово.

Изминатите две години волонтерите од Црвен крст Куманово, велат од организацијата, секогаш беа и сè уште се на првата линија за поддршка во борбата против Ковид-19. Од анкетирање на патниците при влез во државата на граничниот премин Табановце март 2020 година, дистрибуција на хуманитарна помош до ранливото население преку цела 2020 и 2021 година, поддршка на пунктовите за имунизација против Ковид-19, па сѐ до стравотните пожари кои го зафатија кумановскиот регион во август оваа година.

– Неуморниот дух, мотивацијата, храброста пред сè и ентузијазмот ги краси овие млади луѓе, секогаш давајќи го максимумот од себе за помош на оние на кои им најпотребна, велат од Црвен Крст Куманово. ам/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close