Дописници МКДОпштински вести

Црвен крст Крива Паланка ја одбележа неделата на борба против гладот

Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка со грижа за стари и осамени лица од третата доба ја одбележа неделата на гладот што во светски рамки се одбележува од 16 до 22 октомври.

Крива Паланка, 22 октомври 2021 (МИА) – Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка со грижа за стари и осамени лица од третата доба ја одбележа неделата на гладот што во светски рамки се одбележува од 16 до 22 октомври.

– Нашата организација никогаш не ги заборава сите категории лица од општината на кои им се потребни помош и поддршка, особено на возрасните лица. И оваа недела со волонтерите се вклучивме во одбележувањето на Светската недела на борба против гладот, на тој начин што ги поврзавме младите со највозрасните, членките на клубот на пензионерки „Достоинствен живот“ при нашата организација и заедно подготвуваа јадења, младите учеа од повозрасните, им помагаа, а постарите им ги пренесуваа своите знаења и тајните на приготвување вкусни традиционални рецепти од Кривопаланечко, а сите уживаа во дружбата и пријатната атмосфера. Понатаму, приготвените јадења им беа доставени од страна на младите волонтери на стари, осамени лица од општината, така што постигнати се повеќе цели, во контекст на хуманост и солидарност, информира Дарко Пешовски, секретар на Црвен крст Крива Паланка.

Активностите се реализираат со цел да се актуализира прашањето за недостиг на храна на светско ниво и да се подигне јавната свест за прашањето на гладот. ид/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close