Дописници МКДОпштински вести

Црвен крст Кавадарци дистрибуираше флаери со цел спречување коронавирус меѓу учениците

Црвен крст на Република Северна Македонија во соработка со Институтот за Јавно здравје Скопје и Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, со цел зголемување на капацитетите за следење и комуникација на Ковид-19 во РСМ,  изработи едукативно информативен флаер за учениците од основните и средните училишта со наслов „Да ги зачуваме училиштата безбедни, со цел да се спречи ширење на Ковид-19 меѓу учениците“, информираа за ова попладнево од кавадаречкиот Црвен крст.

Кавадарци, 19 октомври 2021 (МИА) – Црвен крст на Република Северна Македонија во соработка со Институтот за Јавно здравје Скопје и Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, со цел зголемување на капацитетите за следење и комуникација на Ковид-19 во РСМ,  изработи едукативно информативен флаер за учениците од основните и средните училишта со наслов „Да ги зачуваме училиштата безбедни, со цел да се спречи ширење на Ковид-19 меѓу учениците“, информираа за ова попладнево од кавадаречкиот Црвен крст.

-Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци, се вклучи во акцијата за дистрибуција на 500 флаери во седум основни и три средни училишта. Односно по 50 фрлаери во секое училиште и дистрибуција на флаери во подрачните училишта, појаснија од кавадаречкиот Црвен крст. свд/аа/

 

Таг
Back to top button
Close
Close