Дописници МКДОпштински вести

Црвениот крст во Делчево со активности за подигање на свеста за менталното здравје

Во Делчево е спроведена врсничка едукација за ментално здравје. Активноста е во организација на Општинската организација на Црвен крст, од каде информираа дека едукацијата е дел од обуката во рамки на првиот модул за ментално здравје и стигма.

Делчево, 24 мај 2022 (МИА) – Во Делчево е спроведена врсничка едукација за ментално здравје. Активноста е во организација на Општинската организација на Црвен крст, од каде информираа дека едукацијата е дел од обуката во рамки на првиот модул за ментално здравје и стигма.

-На оваа обука присуствуваа голем број наши младинци кои беа заинтересирани за менталното здравје како поим и заедничката поврзаност на физичкото, социјалното и менталното здравје, информираа од Црвен крст Делчево.

Целта, како што додадоа, е да се подигне  свеста кај младите во делот на сопствената грижа и грижата за другите.

-Целта е постигната со тоа што младите согледаа колку е важно нивното однесување кон себе и кон околината. Оваа врсничка едукација беше спроведена од првата генерација врснички едукатори за ментално здравје во нашата Општинска организација,  Магдалена Георгиевска и Симона Ќурчиска, додадоа од Црвен крст Делчево.

Ваквите активности за подигнување на свеста за менталното здравје, како што додадоа, се планирани и во наредниот период. вс/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close