0_Спорт.ПорталРезултатиСпортТенис

Циципас лесно до полуфиналето на Австралија опен

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас полеснио од очекувањата избори пласман во полуфиналето на Австралија опен.

Мелбурн, 26 јануари 2022 (МИА) – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас полеснио од очекувањата избори пласман во полуфиналето на Австралија опен.

Циципас утрово на Грен слемот во Мелбурн, во четвртфиналето го совлада Италијанецот Јаник Синер со 3-0 (6:3, 6:4 и 6:2) по безмалку два часа игра.

Циципас кој е четврти носител на турнирот, во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Данил Медведев (Русија) – Феликс Оже-Алијасим (Канада).

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Рафаел Надал (Шпанија) – Матео Беретини (Италија). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close