Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Централната детска градинка во Гевгелија доби нови кујнски апарати и опрема

Централната детска градинка во Гевгелија, со сопствени средства во износ од 800.000 денари, набави новите апарати за кујна што се состојат од индустриски казан со капацитет од 300 литри, индустриски шпорет и индустриска машина за миење садови.

Гевгелија, 28 септември 2021(МИА) – Централната детска градинка во Гевгелија, со сопствени средства во износ од 800.000 денари, набави новите апарати за кујна што се состојат од индустриски казан со капацитет од 300 литри, индустриски шпорет и индустриска машина за миење садови.

Од градинката велат дека инсталираната нова опрема во кујната придонела значително да се подобрат условите за згрижување на децата од претшколска возраст и приготвувањето на храна за нив.

– Со новите апарати во кујната на вработените им ја олеснивме работата околу готвењето и приготвувањето на храна со подобрен квалитет која е наменета за 700 дечиња згрижени во сите клонови на градинката, рече директорката Бети Стоименова.

Условите за престој на децата во градинките претходно беа подобрени во градинката во Гевгелија и останатите градинки во населените места со реконструкциски работи на ентериерот, подобрување на елекро инсталациската мрежа, набавка на нови креветчиња, мебел и гардеробери, за што беа потрошени 15 милиони денари сопствени средства и помош од општина Гевгелија. им/цр

Таг
Back to top button
Close
Close