Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Царовска: Излезете на избори и гласајте за да продолжат позитивните промени

За да ги продолжиме позитивните промени излезете на избори и гласајте за најдобриот градоначалник и советничка листа на СДСМ и коалицијата. Со тоа ќе изберете подобра сегашност и иднина за сите граѓани, порача од Ресен потпретседателката на СДСМ Мила Царовска.

Ресен, 15 октомври 2021 (МИА) – За да ги продолжиме позитивните промени излезете на избори и гласајте за најдобриот градоначалник и советничка листа на СДСМ и коалицијата. Со тоа ќе изберете подобра сегашност и иднина за сите граѓани, порача од Ресен потпретседателката на СДСМ Мила Царовска.

Барајќи ја поддршката од жителите на Преспа, својот глас, в недела, да го дадат за кандидатот на СДСМ Живко Гошаревски заокружувајќи го бројот 12, подвлече дека граѓаните знаат, кој работи во нивен интерес.

– Граѓаните знаат, кој се грижи за подобри услови во образованието, детската, социјалната заштита и воопшто за напредок во сите сегменти во општеството, а кој дури и од позиција на опозиција ги кочи законските измени и прави само штета, истакна Царовска.

Потсети на инвестициите во изградба на нови градинки и реконструкција на училишта и спортски објекти во Општина Ресен.

– Изградбата на спортска сала во Основното училиште „ГоцеДелчев“, во вредност од 23.650.000 денари треба да заврши до ноември 2021 година. Во тек е и реконструкцијата на ОУ„ Мите Богоевски“ во населено место Болно и адаптацијата на ОУ „Мите Богоевски“ во населено место Јанковец, за што издвоивме 6,343,123 денари преку Проектот МСИП 2. За опрема за детска градинка во Ресен, со капацитет за 25 деца, вложивме 450.360 денари во 2019 година. Во тек е монтажата на опрема во детската градинка за 105 деца, во што инвесираме 20.800.000 денари, рече Царовска при посетата на Ресен.

Вети дека ќе продолжат и во наредниот период да градат, како што рече, по план и да инвестираат исклучиво во проекти од интерес на децата, за што им е потребна довербата од граѓаните. сс/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close