Дописници МКДОпштество

Хуманитарна акција и предавање на Универзитетот во Тетово по повод Светскиот ден на храната

Факултетот за прехранбена технологија на исхрана при Државниот универзитет во Тетово денеска по повод 16 Октомври - Светскиот ден на храната. организираше пригодно предавање, а ќе биде извршена и распределба на пакети со храна за семејства во економско-социјален ризик.

Тетово, 19 октомври 2021 (МИА) – Факултетот за прехранбена технологија на исхрана при Државниот универзитет во Тетово денеска по повод 16 Октомври – Светскиот ден на храната. организираше пригодно предавање, а ќе биде извршена и распределба на пакети со храна за семејства во економско-социјален ризик.

-Со овие активности по повод Светскиот ден на храната сакаме да упатиме порака дека обезбедувањето на храна е една од основните човекови потреби, а воедно сакаме да сензибилизаме на проблемот со фрлањето на храната. Од една страна има состојба со индекс 20-25 на сиромаштија, а воедно имаме и бројка од 10-тина илјади тони храна којашто се фрла секоја година. Треба да бидеме солидарни како општество и да се организираме со цел храната правилно да се распореди до сите луѓе, истакна Ерхан Сулејмани, продекан за наука при Факултет запрехранбена технологија и исхрана

Дел до дебатата на Универзитетот во Тетово беа странски професори од Босна и Херцеговина и Полска, кои се експери за теми како вредноста и функционалноста на храната. ас/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close