Видео изјаваЛокални избори 2021Политички партии

Хоџа: Црно – бела е сликата во Тетово, секоја поддршка е добредојдена

Кажавме јасен став, дека има стабилно владејачко мнозинство. Во таа насока го докажавме тоа што се договоривме и во првиот круг, дека каде што се натпреваруваат две партии од владејачкото мнозинство трет партнер не може да држи страна и мислам дека тоа се покажа во првиот круг во Тетово и го очекуваме истото., рече Хоџа

Скопје, 22 октомври 2021 (МИА) – Кажавме од првиот ден, нема да дозволиме поддршката на граѓаните во Желино и Тетово да се претвори во политичко пазарење. Јасна е сликата. Партиите што имаа да докажат и да покажат во првиот круг се видоа бројките. Сега е црно-бела сликата – дали се задоволни граѓаните од моменталната, актуелната градоначалничка или бараат промена во Тетово, рече денеска генералниот секретар на Беса и министер за земјоделство, шумарство и и водостопанство, Арјанит Хоџа, одговорајќи на новинарски прашања во врска со вториот круг од локалните избори.

Според Хоџа, секоја поддршка за општините Тетово и Желино е добредојдена.

-Ние сме во постојана комуникација со сите граѓани од Тетово, од сите националности и убедени сме во поддршката што ја добиваме секојдневно. Тие се уморни од осумгодишниот мандат во кој не е сработено ништо и апсолутно во таа насока очекувам поддршка од кој било. Условна поддршка реално знам дека и самите политички партии не можат, бидејќи гласачкото тело е навистина премногу интелигентно. Ние ги добивме тие 10.400 гласа без коалиција, со директен пристап и очекуваме да ни се дозволи тој директен пристап, да се слуша програмата и сакаме програмата да биде добитник на изборите, односно тоа што го нудиме за Тетово, тоа што го нудиме за Желино. Апсолутно се друго мислам дека е политичко тактизирање што не би сакал да коментирам, подвлече Хоџа.

Тој е дециден дека онаму каде што се натпреваруваат две партии од владејачкото мнозинство, трет партнер не може да држи страна, а владејачкото мнозинство е стабилно.

-Кажавме јасен став, дека има стабилно владејачко мнозинство. Во таа насока го докажавме тоа што се договоривме и во првиот круг, дека каде што се натпреваруваат две партии од владејачкото мнозинство трет партнер не може да држи страна и мислам дека тоа се покажа во првиот круг во Тетово и го очекуваме истото. Знаеме колку за гласачкото тело на СДСМ е испорачано од страна на ДУИ во последните осум години, а знаеме што можеме ние да испорачаме. Дополнително, со добивањето на градоначалничкото место во Тетово претседателот Билал Касами, СДСМ добива пратенички мандат. Апсолутно очекуваме поддршка од сите политички партии, од сите етнички заедници, и нормално дека тоа што го кажа поголемиот број на граѓаните,  атмосферата е победничка и Тетово ќе има сигурно нов градоначалник, истакна Хоџа.

Нема веќе, дополни, политички пазарања.

-Тоа што требаше да биде парламентарни избори има мандат, Владата е во функција и мислам дека е залудно да се преговара или да се разговара за што било друго освен за локалните избори. Интелигентни се гласачите и најмалку што сакаат да слушаат пазарење како да некој ги носи нивните гласови во торба. Тоа го кажавме и на самиот почеток, нема да ги навредиме ниту еднаш гласачите со тоа што некој ќе сака да се пазари политички. Апсолутно добредојдени се сите политички партии што сакаат да поддржат смена на владеењето во Тетово и тоа го гледаме ние секојдневно со сите луѓе што живеат во Тетово, без разлика дали СДСМ, Алијанса, ДПА значи сите тие сакаа смена на актуелното раководство. Во вториот круг не се работи за ДУИ – Движење Беса, се работи дали се задоволни или не се задоволни од актуелното раководство. Две третини од гласачите кажаа во првиот круг дека не се задоволни и ние очекуваме тие две третини да се претворат во гласачи за победа на Касами, истакна Хоџа по настанот за земјоделските задруги.

За средбата со Таравари, рече дека БЕСА како политичка партија има комуникација со сите политички субјекти.

-Тоа реално гледано не може тоа да се смета за пазарење. Значи, тоа што го кажав и во Гостивар на самиот состанок – зборувавме, ги анализиравме сите резултати од изборите, Движењето, трендовите и  апсолутно тоа што го кажа и Таравари, дека секаде каде што се натпреварува ДУИ се подготвени да гласаат против ДУИ. Ја очекуваме таа поддршка и апсолутно е многу коректно и фер и таа порака е пренесена на самите гласови. Гласачкото тело, уште еднаш повторувам, никој не може да каже дека ги држи гласовите како бетонирани или ги носи во чанта. Понудата е ставена на маса и во Гостивар знаат гласачите дали треба да остане Таравари или да има нов градоначалник, односно стариот што беше пред него и како треба да се однесуваат тие веќе знаат. Ние бараме фер плеј, да се остават граѓаните да одлучуваат за програма и тоа ако гледате, и во првиот круг што помина, каде политичките партии имаат такви коалиции се виде дека на многу места заради лоша програма не успеаја да ги испорачаат гласовите. Цврсто веруваме како партија дека имаме многу интелигентно гласачко тело од сите етнички заедници и убедени сме дека тие ќе препознаат точно кој треба да ја води општината, напомена Хоџа. мч/дма/

Back to top button
Close
Close