Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Хераклеја Линкестис пристапна и достапна за лица со попреченост

Античкиот локалитет Хераклеја Линкестис е достапен и пристапен за лица со попреченост, а тоа го овозможи локалната самоуправа со меѓународна поддршка низ заеднички проекти, изјави градоначалничката Наташа Петровска.

Битола, 20 октомври 2021 (МИА) – Античкиот локалитет Хераклеја Линкестис е достапен и пристапен за лица со попреченост, а тоа го овозможи локалната самоуправа со меѓународна поддршка низ заеднички проекти, изјави градоначалничката Наташа Петровска.

Претставници на Дневниот центар за лица со попреченост во Битола, но и членови на здруженија на лица со попреченост, денеска во придружба на Петровска ја посетија Хераклеја каде пристигнаа со  општинското возило, наменето за лицата со попреченост, набавено преку програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и проектот „Зајакнување на општинските совети“.

-Секоја локална самоуправа е должна своите политики да ги трасира по патеки кои што даваат практики, а се во функција на граѓаните, особено кога станува збор за ранливата категорија граѓани. Во изминатиот период Општина Битола изврши мапирање со сериозен пристап на потребите на граѓаните од ранлива категорија и врз база на тие мапирања ги трасираше политиките во изминатите четири години. Денес, во реална функција после регистрацијата е ставено возилото за лицата со потешкотии во движењето и изведовме посета во Хераклеја, каде што е подобрен пристапот за лица со потешкотии во движењето. Независно, кој ќе биде следниот градоначалник, возилото кое што е во сопственост на Општина Битола, целосно треба да биде ставено во функција на лицата за кои е наменето, а за што Општина Битола, имајќи ја во предвид финансиската стабилност, целосно треба да ги покрива трошоците на потребите на граѓаните за транспорт, истакна Петровска.

Идејата за набавка на возило беше иницирана во рамки на првиот форум организиран од Швајцарската амбасада, Општина Битола и граѓанскиот сектор.

-Како вработен во Центарот за социјална работа и како лице кое работи со оваа категорија граѓани, дадов идеја да се набави специјално возило за лица со попреченост, а со цел да се олесни пристапот до Дневниот центар, во општината и надвор од општината, по што се реализираше проектот. Сега можеме да ги видиме насмеани лицата на овие деца, кои можат да излезат надвор од своите домови и од дневниот центар, истакна Денис Алилоски, вработен во ЦСР Битола.

Петровска потсети дека во нејзиниот мандат Општина Битола на 17 места изврши подобрување на тротоарскиот пристап за лицата со потешкотии во движењето, извршено е подобрување до пристапот на Дневниот центар, во зградата на општината е поставен лифт и адаптирани се тоалетите за инвалидизирани лица во општинската зграда. мт/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close