0_Спорт.ПорталОстанатоСпортСпорт.Слајдер

Хамилтон ќе постави личен антирекорд доколку не победи на британското Гран при

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон може да постави личен антирекорд по бројот на трки без победа на Големата награда на Британија. Триесет и седумгодишниот седумкратен шампион во Формула 1 е во серија од 10 трки без победа.

Лондон, 26 јуни 2022 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон може да постави личен антирекорд по бројот на трки без победа на Големата награда на Британија. Триесет и седумгодишниот седумкратен шампион во Формула 1 е во серија од 10 трки без победа.

Неуспешната серија започна со трката за Големата награда на Абу Даби минатата година, а потоа тој не успеа да победи ниту еднаш на деветте трки од новата сезона.

Претходно, Британецот не победи на Ф-1 трка десет пати во низа, во 2008 – 2009 година и во периодот 2012 – 2013 година.

Хамилтон е шести во генералниот пласман со 77 бодови. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close