0_Спорт.ПорталФудбал

Фудбалерите на ПСЖ веруваат дека Зидан наскоро ќе го води клубот

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан може да го води Пари Сен-Жермен. Според „Марка“, фудбалерите на парискиот клуб веруваат дека 49-годишниот Французин ќе стане шеф на стручниот штаб во блиска иднина.

Париз, 23 ноември 2021 (МИА) – Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан може да го води Пари Сен-Жермен. Според „Марка“, фудбалерите на парискиот клуб веруваат дека 49-годишниот Французин ќе стане шеф на стручниот штаб во блиска иднина.

Името на Зидан се споменуваше за време на разговорите меѓу играчите. Свесни се што се случува во клубот и чувствуваат дека наскоро може да се случи промена.

Претходно, неколку медиуми во Англија објавија дека Маурисио Покетино би можел да го води Манчестер јунајтед, а Зидан да го замени во Пари Сен-Жермен. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close