0_Спорт.ПорталФудбал

Фудбалерите на Барселона пристигнаа во клупската база повеќе од два часа пред почетокот на првиот тренинг под водство на Чави

Новиот тренер на Барселона, Чави денеска ќе го има првиот тренинг со каталонскиот тим.

Барселона, 9 ноември 2021 (МИА) – Новиот тренер на Барселона, Чави денеска ќе го има првиот тренинг со каталонскиот тим.

Прозивката на која ќе ја изврши 41-годишниот Каталонец е закажана за 11 часот, но играчите на Барселона пристигнаа во базата на клубот многу порано од вообичаено.

Самиот Чави пристигна пред 9 часот наутро. Веднаш по него, повеќе од два часа пред почетокот на тренингот се појавија: Ерик Гарсија, Ињаки Пења, Мартин Брејтвејт, Педри, Ансумане Фати, Нико Гонзалес, Серхи Роберто, Жерар Пике, Лук де Јонг, Рикар Пуч, Оскар Мингез, Самуел Умтити, Сержињо Дест и Нето.

Чави ќе има разговор со играчите пред почетокот на тренингот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close