Дописници МКДОпштински вести

Француска среда во Тетово – активности за ученици како во Франција

Со отворени денови денеска и во сабота центарот за француски јазик Француска Алијанса во Тетово ги започнува активностите во наредниот период чија цел е промовирање и ширење на франкофонијата, како и локалните култури во Тетово и околината. Од октомври започнуваат курсеви по француски јазик како и кино проекција на филмови во овој центар поддржан од француската амбасада. Во ноември почнуваат активности карактеристични за Франција.

Тетово 16 септември 2021 (МИА) – Со отворени денови денеска и во сабота центарот за француски јазик Француска Алијанса во Тетово ги започнува активностите во наредниот период чија цел е промовирање и ширење на франкофонијата, како и локалните култури во Тетово и околината. Од октомври започнуваат курсеви по француски јазик како и кино проекција на филмови во овој центар поддржан од француската амбасада. Во ноември почнуваат активности карактеристични за Франција.

– На 3 ноември ќе се одржи настанот „Мојата француска среда“ бидејќи во среда во Франција децата се ослободени од училиште, па таа практика ќе се пренесе и овде како интересна активност. Секоја прва среда во месецот ќе има активности за најмалите и поголемите ученици. Просторот на Алијансата е обезбеден со различни реквизити, соодветни бироа, простор за опуштање, кафетерија, мултимедијални активности и едукативни ресурси. Алијансата во соработка со други институции и здруженија креираше и брошура за Шар Планина и планинарската традиција во овој регион. Француската Алијанса е здружение кое ги брани човечките вредности на толеранцијата, почитта и братството кои што се специфични за Франција, во срцето на еден богат град со различни етникуми, култури и религии, изјави Стефан Окант, директор на Француска алијанса.

Француската Алијанса како непрофитабилно здружение регулирано со локалните закони постои веќе 20 години.

– Соработуваме со многу локални институции и организации, фрранцуската амбасада во Скопје, а инаку Алијансата е меѓу единствените центри на француски јазик во Полошкиот регион. Целта е промовирање и ширење на францускиот јазик и културите на франкофонијата во Тетово и околината, но и промовирање на локалните култури, главно албанската и македонската култура во духот на меѓукултурните средби и размени. Алијансата овозможува следење на часови по француски јазик, но освен курсевите се организираат и детски и тинејџерски работилници, истакна Окант.

Француска алијанса во рамки на отворените денови денеска до 18 часот и во сабота од 10 до 13 часот ќе им овозможи на тетовци да ги посетат реновираните простории и да се запознаат со можностите. ас/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close